Ливерпул и Бенфика како без одбрани, Сити го преживеа мадридскиот пекол (Видео)

Ливерпул ја елиминира Бенфика откако на реваншот на „Енфилд“ овие тимови одиграа 3-3, но првиот дуел го добија Црвените со 3-1, па беа големи фаворити за пласман во полуфиналето во кое ги чека Вилјареал.

Голема драма имаше во Мадрид, каде што Атлетико и Манчестер сити одиграа 0-0, а Сити првиот дуел го доби со 1-0, па оди понатаму. Во полуфиналето, Граѓаните повторно ќе играат со мадридскиот клуб, 13-кратниот првак Реал. Сити уште нема примено гол во нокаут-фазата, па може да се каже дека одбраната ги донесе до полуфинале.

Атлетико во финишот силно притискаше, гостите се бранеа, а имаше и еден спорен момент, кога Кореа беше фаулиран во 16-никот на Сити, но главниот судија и од ВАР-собата проценија дека немало пенал. Подоцна со интервенција на ВАР, црвен картон доби Фелипе.

Ова е фаулот над Кореа, кој можеше да го смени текот на мечот:

- Оглас -

Најнови вести