20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Ливерпул и Челзи се помачија, но одат понатаму во Купот

Ливерпил на „Енфилд роуд“ славеше со 2:1 над Саутхемптон во меч од 16-финалето во Лига купот на Англија. Актуелниот англиски првак играше со комбиниран состав и не дозволи изненадување.

Најновото засилување на Ливерпул, Александер Исак го постигна првиот погодок во дресот на Црвените и тоа пред крајот на првото полувреме за водство од 1:0. Се чинеше дека Ливерпул ги контролира работите на теренот, но Саутхемптон успеа да израмни во 76 минута.

Сепак, Ливерпул уште еднаш покажа дека е најопасен во завршните минути кога Екитике даде гол за 2:1 во 85 минута. Интересно е дека Екитике при прославата на голот, го соблече дресот, па заработи жолт картон што беше втор за него и автоматски беше исклучен. И со играч помалку, Ливерпул успеа да ја сочува предноста од 2:1 и да оди во следната фаза.

Со 2:1 славеше и Челзи и тоа на гости кај Линколн. Брајтон беше најубедлив и со 6:0 го победи Барнсли. Во останатите мечеви: Барнли – Кардиф 1:2, Фулам – Кембриџ 1:0, Виган – Викомб 0:2, Вулверхемптон – Евертон 2:0, Врексен – Рединг 2:0.

- Оглас -

Најнови вести