28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ливерпул и Челзи се во „војна“ веќе една година за 16-годишниот играч кој ја донесе победата за „црвените“

Ливерпул дојде до втората победа во Премиер лигата со голот на 16-годишниот Рио Нгумоха во стотата минута на „Сент Џејмс парк“ и славеше со 2-3 на гостувањето кај Њукасл.

Сепак, тинејџерот е причината за „војната“ помеѓу Ливерпул и Челзи која трае веќе една година. Во април 2024 година Нгухома се пресели од Челзи во Ливерпул, и тоа без никакво обесштетување, но Сините сметаат дека се оштетени, па покренаа тужба против ривалот.

Иако трансферот ги мина сите филтри на Премиер лигата и немаше ништо спорно, сепак од Челзи сметаат дека им следува милионско обесштетување бидејќи изгубија голем талент, а според многумина, и најголемиот во светот на негова вораст.

Сепак, иако тужбата е упатена уште пред една година, нема одлука на судот дали Ливерпул ќе треба да му плати на Челзи за големиот талент.

- Оглас -

Најнови вести