Ливерпул и Челзи „во војна“ за гол-машината на Лајпциг

Англиските гиганти Ливерпул и Челзи започнаа „војна“ околу потписот на Тимо Вернер. Голгетерот на Лајпциг го привлече вниманието на премиерлигашите со својата извонредна форма, па околу него се создава трансфер сага која ќе трае најмалку до летниот преоден рок.

Имено, двата клуба се подготвени да издвојат 60 милиони фунти за услугите на Вернер, а англиските медиуми тврдат дека Сините веќе почнале да преговараат со Лајпциг околу потенцијален трансфер. Познато е дека Клоп е обложавател на 23-годишниот напаѓач и смета дека одлично би се вклопил во нападот заедно со Фирмино, Мане и Салах.

Вернер со двата гола против Унион Берлин направи подвиг до првото место на листата стрелци во Бундеслигата, брои вкупно 20 гола на 18 меча, односно еден повеќе од Роберт Левандовски. Кога сме веќе кај Полјакот, токму Вернер требаше да биде негов наследник во редовите на Баерн Минхен, меѓутоа Лајпциг одби да го продаде својот најдобар играч на конкурентот во Германија.

- Оглас -

Најнови вести