Ливерпул до 1 март треба да одлучи на кој стадион ќе го пречека Лајпциг во реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Дуелот не може да се одржи на „Енфилд“ поради засилените мерки во Велика Британија околу новиот сој на корона-вирусот, па двете екипи повторно ќе треба да се сретнат на неутрален терен.
Една од опциите е средбата повторно да се одигра на „Пушкаш арената“ во Будимпешта, каде што Црвените пред два дена триумфираа со 2-0 во улога на гости.
Останатите опции се неколку стадиони во Италија, како и Романија, односно Букурешт, каде што Атлетико Мадрид ќе го пречека Челзи во првиот дуел од осминафиналниот двомеч.