Ливерпул и ослабен покажа дека има шампионски менталитет

Лестер на тренерот Брендан Роџерс вечерва не му беше достоен ривал на Ливерпул, Црвените и без 5-6 стартери славеа со лесни 3-0. Голови за Ливерпул дадоа Џони Еванс, што всушност беше автогол, потоа зголеми Жота, кој круниса прекрасна акција, а конечниот резултат го постави Фирмино, кој конечно почна да погодува и на „Енфилд“.

Бразилецот имаше дадено само еден гол на неговите први 19 домашни мечеви, а сезонава на пет меча на „Енфилд“ има два гола.

Во тимот на менаџерот Јирген Клоп ги немаше Салах, Ван Дајк, Гомес, Тијаго Алкантара, Александер-Арнолд и Хендерсон, но покажаа карактер и совладаа тим кој сезонава го разби Манчестер сити. Со оваа победа, Ливерпул се изедначи по бројот на бодови со Тотенхем, па сега овие два тима се на делба на првата позиција.

Со Роџерс на клупата, Лестер нема освоено ниту еден бод против Ливерпул, тим чиј тренер беше Роџерс во минатото. Црвените дома имаат низа од 64 меча без пораз (53 победи и 11 ремија) во Премиер лигата, што е нивен клупски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести