Ливерпулова тики-така, Жота со гол круниса акција во која имаше 30 додавања (Видео)

Голот со кој Ливерпул поведе со 2-0 против Лестер беше историски на два начина. Стрелецот Диого Жота стана прв играч во историјата на Ливерпул кој дал гол на првите четири домашни лигашки мечеви како играч на овој клуб. Покрај тоа, неговиот гол падна по една долга акција во која домашните имаа дури 30 додавања и тоа е рекорд за Ливерпул да даде гол по толку многу прецизни додавања.

Асистент беше Робертсон, Жота одлично погоди со глава, но целата акција беше прекрасна и Ливерпул најверојатно ќе дојде до 64 домашни мечеви по ред без пораз во Премиер лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=MAg4Rz3Rf3E

- Оглас -

Најнови вести