Ливерпул има победничка шема, важно е Жота прв да погоди (Видео)

Ливерпул има победничка шема во новата сезона во Премиерлигата, а важно е Диого Жота прв да погоди. Португалецот и денеска го постигна првиот гол на мечот против Барнли во победата од 2:0 на фаворитот, а истото го стори и на премиерата во англиското првенство, минатиот викенд против Норич во триумфот од 3:0.

Жота беше прецизен во 18. минута и постигна гол со глава по центаршутот на Константинос Цимикас.

Потоа и Садио Мане погоди во 69. минута на додавање на Трент Александер-Арнолд за победнички старт во Премиерлигата без примен гол.

Ливерпул ја продолжи и серијата од 116 натпревари без пораз на домашен терен во Премиерлигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести