Ливерпул има проблем, мора да даде четири гола за да остане непоразен (Видео)

Баерн Минхен на „германски начин“ го победи Ливерпул со 4-3 во пријателски меч одигран во Сингапур.

Баварците победничкиот гол го постигнаа во 91-ва минута. Претходно, Ливерпул поведе со 2-0 во првите половина час, но Баерн се разбуди и на полувреме беше 2-2. Англискиот тим водеше и со 3-2, но во финишот примија два гола.

Ова е прв пораз на Ливерпул во подготвителниот период. На претходните, секогаш даваа по четири голови и не загубија ниту еднаш, или победуваа или ремизираа. Денеска дадоа „само“ три и претрпеа пораз.

Головите од дуелот на Ливерпул и Баерн може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести