Ливерпул има тројца кандидати за наследник на Салах, а најголемата желба е недостижна?

Ливерпул ќе потроши до 140 милиони евра во потрага по замена за Мохамед Салах, за кого веќе стана јасно дека ќе го напушти клубот по крајот на актуелната сезона. Според британските медиуми, англискиот гигант разгледува тројца кандидати за неговата позиција.

Во потесниот избор на Црвените се Јан Диоманде од Лајпциг, како и Ентони Гордон од Њукасл. Сепак, главна трансферна цел на клубот останува Мајкл Олисе од Баерн Минхен.

Раководството на англискиот шампион сè уште се надева дека ќе успее да го убеди Баерн да се раздели со играчот. Неговото искуство во Премиер лигата, како и фактот што десното крило е неговата природна позиција, му даваат предност на Французинот во однос на останатите кандидати за наследник на Салах.

- Оглас -

Најнови вести