Ливерпул ја научи лекцијата од минатото лето, сега ќе троши како луд за повторно да не остане без ЛШ

Управата на Ливерпул ја научи лекцијата од минатата година кога го преспа летниот преоден рок и тоа и се одби од глава бидејќи остана без пласман во Лигата на шампионите, и летово ќе биде активна на трансфер-пазарот.

Црвените веќе го комплетираа 35 милиони евра вредниот трансфер на Алексис Мекалистер од Брајтон, вчера се појави бомбастична информација дека подготвуваат понуда тешка 250 милиони евра за Килијан Мбапе, а денеска започнаа преговори за да ја засилат одбраната.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1674025336466448384?s=20

Челниците на Ливерпул седнаа на преговарачка маса со управата на Ред Бул Лајпциг за да го договорат трансферот на Доминик Собослаи.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во 22-годишниот унгарски репрезентативец гледа идеално решение за одбраната и ќе стори се за да го донесе Собослаи на „Енфилд“. Засега не е познато колку Ливерпул е подготвен да плати за Собослаи, но челниците на Ред Бул Лајпциг инсистираат на 70 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула.

Собослаи од 2021 година е член на Ред Бул Лајпциг, а претходно четири години настапуваше за „сестринскиот“ клуб Ред Бул Салцбург.

- Оглас -

Најнови вести