21.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Ливерпул убаво се подмлади, ќе го затвори летниот пазар со најдобриот млад играч во Шкотска

Калвин Рамзи од Абердин ќе биде последното летно засилување на Ливерпул, а шкотскиот тинејџер со познато фудбалско презиме ќе му се приклучи на англискиот гигант од следната година и ќе игра најмалку уште шест месеци за шкотскиот клуб.

Рамзи е десен бек и има само 18 години, а според договорот меѓу Ливерпул и Абердин што се очекува да биде финализиран во следните денови, тинејџерот ќе остане да игра во Првата шкотска лига и во 2023 година.

Калвин беше прогласен за најдобар млад играч на сезоната во Шкотска во изборот на новинарите.

За него Ливерпул ќе плати 4 милиони фунти, а со дополнителни бонуси трансферот може вкупно да чини околу 6,5 милиони фунти.

Најавено е дека ова ќе биде и последниот трансфер на Црвените во летниот преоден рок.

Претходно на „Енфилд роуд“ пристигнаа Фабио Карвалјо од Фулам за сума од 10 милиони евра со вклучени бонуси и најголемото засилување, Дарвин Нуњес од Бенфика за сума од 75 милиони евра, што може да достигне максимум од 100 милиони евра со предвидените бонуси.

Карвалјо има 19 години и одигра прекрасна сезона за Фулам во Чемпионшип, а Нуњес е 22-годишник со фантастични настапи за Бенфика и постигнати 34 гола во сезоната што заврши во дресот на португалскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести