Трансферот на Нуњес израдува дури три клуба – Бенфика ќе ќари најмногу, пари има и за Алмерија и за Пењарол

Рекордниот трансфер на Дарвин Нуњес од Бенфика во Ливерпул за основна сума од 75 милиони евра, што со бонуси може да достигне и вредност од 100 милиони евра, израдува дури три клуба.

Освен Ливерпул, кој доби големо засилување ќар ќе бидат и Бенфика, Алмерија и Пењарол.

Бидејќи Нуњес доаѓа во редводите на англискиот гигант од Бенфика, популарните Орли ќе добијат најмногу од колачот, и тоа точно 55 милиони еврa.

Пењарол, кој е првиот професионален клуб на 22-годишниот напаѓач, ќе добие 2,25 милиони евра, а Алмерија како втор клуб во кариерата има договор за загрантирани 10 милиони евра и плус загарантирани 375 илјади од солидарниот фонд, од кој се и парите што му следуваат на уругвајскиот гигант.

За посреднички услуги при трансферот сите менаџери што учествувале во договорот помеѓу Ливерпул и Бенфика ќе поделат вкупна сума од 7,2 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести