Ливерпул ќе ја врати услугата на Челзи, Пандев брка „10-ка“ во градското дерби

Ливерпул – Челзи (21:15ч)

Дојде денот за крунисувањето на Ливерпул како англиски првак по 30 години пауза, а вечерва Црвените на празниот „Енфилд“ го пречекуваат тимот кој со триумфот над Манчестер сити им помогна да ја освојат титулата веќе по 31-вото коло во Премиер лигата. Затоа Сините очекуваат да им се врати услугата, бидејќи им е потребна победа за го осигурат пласманот во Лигата на шампионите.

Иако тоа е речиси невозможно, Ливерпул да му попушти на ривалот и да претрпи прв лигашки пораз на домашен терен оваа сезона, гостите ја имаат судбината во свои раце и сами ќе се потрудат да ја остварат целта. Тимот на Јирген Клоп сезонава испушти само два бода дома, што докажува дека „Енфилд“ стана неосвоива тврдина за противниците.

Од 2008 година не се случило Ливерпул и Челзи да одиграат без голови во првенствен меч, па таа традиција ќе продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

Манчестер јунајтед – Вест хем (19ч)

Јунајтед добива два часа предност пред Челзи да обезбеди евентуален триумф и да дојде на чекор до пласман во ЛШ, па иако на хартија Црвените ѓаволи се фаворити во овој дуел, Вест хем има свои пресметки за потврдување на опстанокот.

Чеканите на „Олд Трафорд“ доаѓаат со екстренерот на Јунајтед, Дејвид Мојс, кој пак најде формула за добри резултати таман во завршницата од сезоната и ќе се обиде да направи изненадување кое не се случило од 2007 година, а тоа е триумф на Вест хем на „Театарот на соништата“.

Оле Гунар Солскјер, пак, ќе им објасни на своите играчи дека треба да се реваншираат за поразот во Лондон во првата овосезонска пресметка, која Вест хем ја доби со 2-0.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.65)

 

Сампдорија – Џенова (21:45ч)

Фенерџиското дерби нема да биде во полн сјај како порано, ќе недостасуваат навивачите кои прават спектакл во секоја прилика. На Џенова многу повеќе ѝ е потребна победа за што поскоро да обезбеди елитен фудбал и за следната сезона. Воедно, Горан Пандев во овој меч брка 10-ти овосезонски погодок во Серија А, па ќе биде добро токму во градското дерби да стане двоцифрен стрелец, но треба да се напомене дека нашиот Гранде памети само еден гол против Сампдорија во вкупно 11 средби.

Сампдорија е во добра форма, има четири победи и само еден пораз во последните пет кола, што допонително ќе им ја отежни работата на гостите. Воедно, Сампдорија го доби првото дерби сезонава со минимални 1-0, додека пак Џенова од 2016 година не знае за триумф против градскиот ривал.

Предлог тип: X2 & 0-3 (2.04)

 

Интер – Фиорентина (21:45ч)

Интер обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, па во поопуштено издание може да бара начин како да ја совлада Фиорентина. Тимот на Антонио Конте колку-толку уште може да се надева на Скудетото, иако Јувентус од оваа позиција тешко дека ќе ја испушти титулата.

Во 2015 година Виолетовите на двапати триумфираа на „Џузепе Меаца“, а оттогаш Интер нареди четири победи со просек од три постигнати гола. Севкупно гледано, Интер и Фиорентина 16 меча по ред играат „кој ќе даде повеќе гола“, па нека биде така и вечерва.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.97)

 

Парма – Наполи (19:30ч)

Наполи мора да обезбеди три бода вечерва за да остане во битка за пласман во Лигата на Европа. Со Милан и Рома се борат за двете места кои водат во второто европско натпреварување, а во вистински момент ќе гостуваат кај Парма, која е во катастрофална форма.

Парма има само една победа во девет меча откако продолжи сезоната во Серија А, во кои загуби шестпати. Сепак, Наполи мора да внимава бидејќи на „Сан Паоло“ претходно капитулираа пред некогашниот гигант со конечни 1-2, па затоа е време за реванш.

Предлог тип: 2 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести