-7.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Ливерпул „мамурен“ против мајсторите за ремија (Видео)

Првите два натпревари во Премиер лигата во 2026 година заврпија нерешено, Ливерпул и Лидс одиграа 0-0, а Кристал Палас и Фулам постигнаа по еден гол во меѓусебниот дуел.

Црвените од Ливерпул беа големи фаворити, но Лидс по четврти пат во последните пет кола одигра нерешено. Лидс даде и гол, но беше поништен поради офсајд, а напаѓачите на Ливерпул не се прославија, особено голема утка имаше Екитике. Ливерпул остана четврти на табелата со шест бодови помалку од третата Астон Вила.

Во Лондон, Палас поведе со гол на Французинот Матета, тоа беше прв погодок во Премиер и воопшто во топ лигите во Европа годинава, но Фулам се избори за боод со убавиот гол на Керни во 80-та минута.

- Оглас -

Најнови вести