4.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Ливерпул мора да победи против тимот од кој 32 години не загубил на „Енфилд“

3003 Наполи – Фиорентина (18.00 часот)

Дуел на два тима кои загубија во претходното коло и сега им требаат бодовите за остварување на своите цели, Наполи да продолжи да се бори за титулата, а Виолетовите за опстанок. Наполи има девет бода помалку од лидерот Интер и нема право на кикс, а Елмас и другарите се и еден од најнезгодните домаќини во Серија А, досега освоија 24 бода на 10 меча пред своја публика и немаат пораз. Ситуацијата на Фиорентина веќе не делува очајно како до пред еден месец, но бодови за спас ќе треба да бараат на друго место.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.75)

 

1004 Челзи – Вест Хем (18.30 часот)

Ова е локално соседско лондонско дерби, мотиви ќе има кај двата тима. Двата тима имаат мини-серии од две победи по ред. Вест Хем е во опасната зона, а и како не би биле кога се тим со најмногу примени голови во Премиер лигата. Им претстои тешка битка за опстанок, додека за Чели кој има 13 бодови помалку од лидерот Арсенал, максимумот е да изборат место во ЛШ за следната сезона. Традицијата е на страна на Сините, тие ги добиле сите домашни мечеви против Вест Хем од 2020 наваму.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.11)

 

1807 Хамбургер – Баерн (18.30 часот)

После поразот од Аугсбург во минатото коло, Баварците ќе сакаат да им се вратат на победите и дополнително да се зацврстат на чело на табелата, иако и вака се безбедни и чудо би било да не ја освојат титулата сезонава. Баерн има дадено 72 гола на 19 меча, а ХСВ е еден од најнеефикасните тимови во Бундеслигата со само 17 погодоци на 18 настапи. Хамбургер има серија од пет кола по ред без победа, но дома не загубиле лигашки меч уште од октомври. Баерн 17 години нема пораз на гостувањата во Хамбург.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

1304 Леванте – Атлетико М. (18.30 часот)

Тимот од Валенсија е блиску до испаѓање, но во последно време добро играат, имаат две победи и само еден пораз во претходните пет кола во Ла Лига. Леванте е тим со најмногу примени голови,  а Атлетико е трети на табелата и трети по ефикасност. Леванте пред една недела ја извојува својата прва домашна победа сезонава. Три од последните четири меѓусебни дуели на овие екипи кога Леванте бил домаќин, завршувале нерешено. Атлетико десет години не загубил на гости кај Леванте.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.50)

 

1005 Ливерпул – Њукасл (21.00 часот)

Ливерпул заборави да победува во Премиер лигата, и затоа во моментов има само три бода повеќе од Њукасл. Ни Њукасл не блеска, освои само еден бод во претходните две кола. На мечевите на Црвените во просек паѓаат повеќе голови отколку на мечевите на Чавките, а и традицијата на меѓусебните дуели вели дека ќе биде ефикасно. Во август во Њукасл, Ливерпул победи со 3-2. Ливерпул дома нема пораз во новата 2026 година, но Њукасл победи на своето последно гостување на „Енфилд“ во Лига купот во март минатата година. Во премиер лигата, Њукасл не победил на гости кај Ливерпул уште од 1994 година.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.55)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести