Ливерпул му продаде фудбалер на Леверкузен за 30 милиони евра, но ќе може да го врати назад за двојно повеќе

Раководствата на Ливерпул и на Баер Леверкузен се договорија за трансферот на дефанзивецот Џарел Куанса и тој од следната сезона ќе настапува во Бундеслигата. Фармацевтите ќе им платат на Црвените 30 милиони евра фиксно, а може да платат уште дополнителни пет милиони евра во бонуси.

Сепак, една клаузула од договорот го привлекува вниманието. Ливерпул ќе има право да го врати Куанса на „Енфилд роуд“, но само ако плати 60 милиони евра. Сепак, оваа клаузула е неважечка до 2026 година, а ќе стапи на сила од летото 2027 година, кога Ливерпул ќе има право прв да го откупи договорот на Куанса и да го врати во своите редови фудбалерот кој потекнува од нивната академија.

- Оглас -

Најнови вести