Актуелниот англиски првак Ливерпул претрпе нов неуспех во Премиер лигата откако со 2:1 загуби на гостувањето кај Вулверхемптон во меч од 29. коло. Мреѓите мируваа до 78 минута, а потоа почна шоуто.
Вулверхемптон направи одличен контра напад и со голот на Гомес стигна до 1:0 и тој погодок може да го видите ТУКА.
Ливерпул брзо се созема од првичниот шок и во 83 минута израмни со погодокот на Мохамед Салах, кој го искористи подарокот на противничкиот тим. Голот на Салах може да го видите ТУКА.
Вулверхемптон кој е закован на дното на табелата во Премиер лигата, во 90+4 минута со голот на Андре стигна до 2:1 и голема победа над актуелниот првак. Победничкиот гол на Вулверхемптон може да го видите ТУКА.
За Вулверхемптон ова е втора победа во низа и сега има 16 бодови, но останува на дното на табелата. Ливерпул е петопласиран со 48 бодови.

