Ливерпул нема да направи кикс, ќе му го продолжи договорот на Салах

Ливерпул сезонава игра одлично и е лидер во англиското првенство, но и на табелата во Лигата на шампионите. Еден од најзаслужните за добрите резултати, секако, е Мохамед Салах. Египетскиот голгетер постигна 13 гола во 15 меча во Премиер лигата, а вкупно има 16 погодоци во 23 средби сезонава.

За Салах ова е осма сезона во дресот на Ливерпул, а неговиот договор истекува во јуни 2025 година. Тоа значи дека само за две недели, односно од 1 јануари 2025 година, Салах ќе може слободно да контактира и да преговара за можен договор со некој друг клуб.

Сепак, според пишувањата на шпанска „Марка“, Ливерпул нема да чека Салах да започне да кокетира со други клубови и во најскоро време ќе му го продолжи договорот на својот најдобар играч.

Салах во дресот на Ливерпул вкупно има одиграно 372 натпревари, во кои постигнал 227 гола, а се радувал на осум освоени трофеи.

- Оглас -

Најнови вести