Ливерпул нема долго да жали за Трент, замената за него ја најде во Леверкузен

Откако стана јасно дека Трент Александер-Арнолд нема да го продолжи договорот и првпат во својата кариера ќе ја промени фудбалската средина, раководството на Ливерпул се обидува да ја најде неговата замена.

Се чини дека изборот падна на фудбалерот на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг, кој иако има договор до 2028 година, сепак има откупна клаузула само од 35 милиони евра, која ќе биде активирана.

Како што пренесува Фабрицио Романо, преговорите помеѓу Ливерпул и Фримпонг се во напредна фаза, а Црвените немаат проблем да ги платат потребни 35 милиони евра за фудбалерот кој вреди 50 милиони евра.

Фримпонг настапува за Холандија, но младинската кариера ја мина во Англија, каде што девет години беше дел од академијата на Манчестер сити, пред да се пресели во Селтик. Голема предност за него е тоа што нема да има потреба воопшто да се адаптира на животот на Островот и на англискиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести