Ливерпул доби сериозен удар, откако стана јасно дека Конор Бредли најверојатно ја заврши сезоната. Десниот бек заработи тешка повреда на коленото на дербито против Арсенал (0-0) на „Емирати“, кога се лизна на лошиот терен и незгодно го изврти левиот глужд, по што мораше да биде изнесен на носилка.
Иако прегледите покажаа дека предните вкрстени лигаменти не се скинати, лекарите утврдија сериозни оштетувања на коските и лигаментите во коленото, што ја прави операцијата неизбежна.
Бредли ќе биде подложен на хируршки зафат во наредните денови, по што ќе следува долг процес на рехабилитација. Во овој момент е речиси сигурно дека нема да се врати на терените пред крајот на сезоната.
Повредата претставува нова главоболка за Арне Слот, кој веќе е без Џовани Леони и Александер Исак. Иако постои мала надеж дека Исак би можел да се врати во завршницата на првенството, во Ливерпул не планираат да ризикуваат со неговото здравје.

