Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа и петтата победа на исто толку натпревари во Премиер лигата оваа сезона, откако во градското „Мерсисајд“ дерби го совладаа Евертон со 2-1 на „Енфилд роуд“.
За „црвените“ ова е петта победа по ред против градскиот ривал на домашен терен.
Се чини дека победникот беше решен уште многу рано, во првото полувреме. Рајан Гравенберх го отвори резултатот уште во 10-тата минута за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 29-тата минута веќе беше 2-0 за „црвените“. Уго Екитике погоди во мрежата на градскиот ривал и најави дека бодовите ќе останат на „Енфилд роуд“.
Се што успеаја да направат „карамелите“ е да внесат незивесност во градското дерби преку Идриса Гује во 58-мата минута, кој намали на 2-1, а на крајот се покажа дека тоа е и конечниот резултат.