Ливерпул по дебаклот со Каиседо, сака да ангажира фудбалер на Реал Мадрид

Англискиот премиерлигаш Ливерпул викендов доживеа вистински дебакл откако се согласи да плати рекордни во Премиер лигата 115 милиони фунти за Мојсес Каиседо, но фудбалерот одби да се пресели на „Енфилд“ и потпиша за Челзи, а сега Црвените имаат нова цел.

https://twitter.com/TheSecretScout_/status/1691062033700069376?s=20

Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ѝ порачал на управата да се обиде да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени.
Чуамени и минатата сезона беше на радарот на Ливерпул, но одлучи да потпише за Реал Мадрид за 80 милиони евра.

Медиумите исто така пишуваат дека во Реал не размислуваат за продажба, но би можеле да го променат мислењето ако понудата на Ливерпул биде поголема од 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести