Ливерпул побара објаснување за двете офсајд ситуации по сугестијата на ВАР системот

Ливерпул не успеа да го победи Евертон на „Гудисон парк“, па иако гостите на два пати беа во водство, на крајот мораа да се задоволат со бод (2:2). Дуелот имаше драматична завршница откако во 93 минута, гостите дадоа гол, но по сугестија на ВАР системот, погодокот на Хендерсон беше поништен, затоа што Садио Мане бил во офсајд.

Повторената снимка според ВАР системот покажува милиметарски офсајд на Мане. Сепак, тоа не беше единствена таква ситуација на мечот. Во првото полувреме, Ван Дајк беше фаулиран и повреден во шеснаесетникот на Евертон, но наместо пенал за гостите, судијата досуди офсајд. И во таа ситуација, повлечената линија покажува минимален офсајд на Ван Дајк.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по завршување на мечот побара некој да му објасни зошто се тоа офсајд позиции, а сега од клубот најавија дека и официјално ќе бараат образложение и повторно прегледување на спорните моменти кои беа на штета на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести