9.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Ливерпул пак им ги скина нервите на фановите

Ливерпул ремиираше 3-3 на гостувањето кај Лидс во драматичен дуел од Премиер лигата на кој сите шест гола паднаа во второто полувреме.

Со „блицкриг“ на стартот на второто полувреме Црвените со голови на Екитике поведоа 2-0, но после еден невнимателен старт на Конате во 73-та минута беше досуден пенал за Лидс и работите се свртеа, во 75-та минута веќе беше 2-2 за еуфорија на трибините на „Еланд роуд“.

Лидс беше во налет, но Ливерпул ги смири во 80-та минута со погодок на Собослаи. Гостите не ја задржаа предноста, во судиското продолжение Јапонецот Танака погоди за 3-3 и го остави Ливерпул на осмо место со 10 бодови помалку од лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести