Ливерпул победи со 7:0 и постави неколку рекорди

Ливерпул влезе во препознатливиот шампионски ритам откако со неверојатни 7:0 славеше на гостувањето кај Кристал Палас, во меч од 14. коло на Премиер лигата. Мо Салах само и Роберто Фирмино по два пати се запишаа во листата на стрелци, а по еднаш погодија Минамино, Мане и Хендерсон.

За Ливерпул ова е најголема победа во историјата откако е формирана Премиер лигата. Претходно со повисок резултат гигантот од „Енфилд Роуд“ има победено во 1989 година и тоа повторно против Кристал Палас, но тогаш со 9:0, но на стадионот во Ливерпул.

Јирген Клоп стигна до 127-мата победа како предводник на Ливерпул и со тоа го надмина Рафаел Бенитес на вечната листа на победи во Премиер лигата.

Кристал Палас го претрпе најубедливиот пораз на свој терен. Никогаш претходно во клупската историја овој лондонски тим кога играл како домаќин не загубил со 0:7.

 

- Оглас -

Најнови вести