Ливерпул поради Коронавирусот може да остане без титулата во Англија?

Ливерпул цели 30 години чекаше за да се израдува на титула во англиското првенство. По три децении мечтаење, гигантот од „Енфилд роуд“ е на прагот да се израдува на трофејот кој го очекуваат многу генерации на Црвените. Ливерпул игра маестрално и има историска сезона.

Во 27 меча, фудбалерите на Јирген Клоп победија 26 пати, а само еднаш ремизираа, па имаат неверојатни 79 бодови. Вториот Манчестер сити заостанува дури 22 бодови и само теорија постои Ливерпул да не ја освои титулата. Со играта и покажаното, Ливерпул повеќе од заслужено треба да го однесе трофејот во своите своите витрини, но…

Дел од англиските медиуми започнаа шпекулации за неверојатно можно сценарио. Англиски Телеграф пишува дека не постои гаранција дека Ливерпул ќе биде прогласен за шампион, доколку ситуацијата со Коронавирусот излезе од контрола и се направи суспензија на првенството во следните два-три месеци.

Според неверојатната теорија на Телеграф, доколку не се комплетира првенството до крај, можно е челниците да ја поништат сезоната, а тоа би значело дека ниту Ливерпул нема да стане првак, ниту најслабите три екипи ќе испаднат од Премиер лигата.

Досега во Велика Британија има потврдени 19 случаи на заразени од Коронавирусот. Доколку оваа бројка нагло се зголеми, можно е да дојде до прекин на првенството. На 11 кола до крајот, на Ливерпул му се потребни само уште 12 бодови за да може и теоретски да стане првак.

Во Премиер лигата се вклучи алармот за опасност од Коронавирусот, откако ѕвездата на Тотенхем, Сон се врати од Јужна Кореја. Сон кој е повреден, доби неколку дена слободни и тој замина во родната земја, каде престојувал во Сеул. Сега, по враќањето во Лондон, Јужнокорејанецот е ставен во изолација и под контрола за тоа случајно да не е заразен од опасниот вирус.

И покрај пишувањата на дел од медиумите во Англија, во Премиер лигата засега нема опасност и мечевите се одигруваат нормално и со присуство на публика. Вечерва Норич го победи Лестер, што е најава на нормален викенд во Англија, каде Ливерпул ќе гостува кај Ватфорд во меч на кој тимот од „Енфилд роуд“ е голем фаворит, а со нова победа ќе постави нови рекорди во Премиер лигата.

Ливерпул дефинитивно заслужи да е шампион, па тешко дека и Коронавирусот може да го сопре овој тимот кој е во налет да постави неверојатни рекорди во англискиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести