Безопасни се лисиците беа Варди – Фенерџијата Норич ја искористи кризата и победи

Лестер е во криза и го одигра четвртиот меч без победа во Премиерлигата, а лошата форма на Лисиците ја искористија фудбалерите на Норич за многу значајна победа.

Фенерџијата во Премиерлигата со дебитантскиот гол на Џамал Луис славепе победа од 1:0 и ја прекина серијата од четири меча без победа.

Луис со прецизен удар го совлада Шмајхел и донесе многу важни бодови за Норич. Канаринците се последни, но сега имаат 21 бод, три помалку од Ватфорд и Вест Хем и четири од Астон Вила, но со меч повеќе.

Ова е прва победа за Норич против Лестер по пауза од цели 11 години. Лисиците одиграа уште еден лош меч и останаа на третото место со 50 бодови, дури 29 зад Ливерпул и 7 зад Манчестер сити, кои имаат и по еден натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести