Англискиот првак Ливерпул покажува интерес за ангажман на дефанзивецот на Брентфорд, Нејтан Колинс, пренесуваат медиумите во Велика Британија. Црвените активно бараат засилување во централниот дел од одбраната, но Брентфорд нема намера лесно да се раздели со 24-годишниот репрезентативец на Република Ирска, кој неодамна беше назначен за капитен на тимот.
Во сезоната 2024/25, Колинс забележа 42 настапи, при што постигна два гола и запиша пет асистенции.
Неговиот договор со клубот е валиден до 30 јуни 2029 година.