Летово постоеше голем интерес за фудбалерот на Брајтон, Мојсес Каиседо. Сепак, на крајот во трката останаа само Ливерпул и Челзи. “Црвените“ од “Енфилд роуд“ испратија понуда од 127 милиони евра, додека “сините“ од “Стемфорд Бриџ“ понудија 115 милиони евра.
Челзи најави нема да ја зголемува понудата, па Брајтон ја прифати онаа на Ливерпул. И тренерот на “црвените“ најави дека Каиседо ќе пристигне на “Енфилд роуд“, но се случи пресврт.
Сега фудбалерот одбива да се пресели во Ливерпул и сака да оди во Челзи.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1689974411103805440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1689974411103805440%7Ctwgr%5E6aedd70f92dee48144cf49943db01c625c82804d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fcaicedo-rekord-liverpool-ponuda-odbijenica%2F456291
Каиседо во јануари беше многу блиску до трансфер во Арсенал, но тогаш Брајтон ги одби сите понуди кои пристигнаа за него.