Ливерпул се посрамоти како ниту еден друг англиски клуб, Атлетико и Порто повторија нешто што не е нормално

Ливерпул очајно ја започна сезоната во Лигата на шампиони откако загуби со 4:1 на гости кај Наполи. По неполни 50 минути Наполи водеше со 4:0 и беше јасно дека тимот на Јирген Клоп ќе доживее дебакл.

Ова е најтежок пораз на еден англиски клуб во првото коло од групната фаза во ЛШ по тој на Арсенал од 2003 година кога со 3:0 загуби од Интер. Овојпат Ливрпул даде гол, но и прими четири погодоци, што е шокантно за тим кој се бори за трофеј во секое натпреварување.

Вториот меч кој беше за одбележување се играше во Мадрид. Атлетико и Порто „дремеа“ 90 минути, а потоа се разиграа. Од 90 минута до крајот на средбата, односно во судиското надополнување паднаа три гола.

Ова е само втор пат во историјата на ЛШ на еден меч да има три погодоци во 90+ минута, а интересно е дека и претходниот ваков дуел го одиграа овие два тима и тоа пред неполна година.

На 7 декември минатата година, во последното коло од групната фаза, Атлетико на гости водеше со 1:0 против Порто, а потоа во 90+ минутите имаше три гола. Тогаш Јорганџиите погодија во 90 и 90+2 минута, а Порто даде почесен гол во 90+6 минута.

- Оглас -

Најнови вести