Луд финиш во Мадрид: До 90 минута немаше голови, а потоа три пати се тресеа мрежите

Првото коло од Лигата на шампиони имаше неверојатен финиш и тоа на дуелот кој се играше во Мадрид меѓу Атлетико и Порто. До 90 минута резултатот беше 0:0, а потоа домаќините дадоа гол за водство.

Во 90+5 минута беше досуден пенал за Порто и гостите израмнија на 1:1, но тоа не беше крајот. Судијата дозволи да се играат 11 минути надополнување, а токму тогаш Атлетико со голот на Гриезман стигна до втор погодок и победа од 2:1.

Ливерпул доживеа дебакл кај Наполи и загуби со убедливи 4:1, додека Интер на „Џузепе Меаца“ беше поразен од Баерн Минхен со 0:2. Барселона беше најубедлива и со 5:1 се радуваше против Викторија Плзен во меч на кој Роберт Левандовски го постигна првиот гол за каталонскиот гигант.

Тотенхем во второто полувреме го скрши отпорот на Олимпик Марсеј и славеше со 2:0, а домашниот терен го искористи и Бриж, кој минимално со 1:0 беше подобар од Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести