31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Ливерпул се распрашува за Мајкл Олисе, а Баерн побара 100 милиони фунти

Младиот англиски фудбалер Мајкл Олисе игра одлично во дресот на Баерн Минхен и оваа сезона. Тоа не останува незабележано од гигантите во Премиер лигата, а најзаинтересиран за негов ангажман е актуелниот англиски шампион Ливерпул.

Минатото лето Баерн официјално го доведе Олисе од Кристал Палас за износ поголем од 60 милиони фунти, а веќе сега се покажа дека инвестицијата е оправдана. Во минатата сезона Олисе беше еден од најдобрите играчи на бааврскиот гигант, а и почетокот на оваа сезона ја покажува неговата одлична форма. До сега има постигнато три гола и една асистенција, иако сезоната штотуку започна.

Англискиот првак Ливерпул би сакал да го доведе Олисе на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, а Баерн ја одреди цената за својата ѕвезда. Секој заинтересиран клуб што ќе сака да го купи Мајкл Олисе ќе треба да плати отштета од 100 милиони фунти.

Во меѓувреме, Баерн Минхен веќе подготвува и нов договор за Олисе, со кој значително ќе ја зголеми неговата годишна плата.

- Оглас -

Најнови вести