Екипата на Ливерпул забележа значајна победа од 1-2 на гостински терен против Вест хем и колку-толку се доближи до местата кои водат во фудбалска Европа, но сè уште е далеку од пласман во Лигата на шампионите.
Вест хем одлично го отвори натпреварот и веќе во 12-тата минута поведе со 1-0 со голот на Лукас Пакета.
Само шест минути подоцна, Коди Гакпо израмни на 1-1.
Конечниот резултат, 2-1 за Ливерпул, го постави Жоел Матип во 67-мата минута од натпреварот.
Ливерпул со оваа победа со 53 бода се искачи на шестата позиција и има само бод помалку од Астон вила, која е на позиција која води во Лигата на Европа.
Екипата на Челзи продолжува со очајни игри и забележа нов пораз, овојпат на „Стемфорд бриџ“ од Брентфорд со 0-2. Аспиликуета во 37-мата минута си постигна автогол за водство на гостите.
Брајан Мбеумо во 78-мата минута само го зголеми водството на Брентфорд и ја осигури победата за неговата екипа.
Челзи и покрај големите вложувања, останува на 11-тата позиција на табелата со 39 поени, дури 8 помалку од денешниот противник. Интересно, според бодовите, Челзи е поблиску до зоната за испаѓање отколку до местата кои водат во европските клупски натпреварувања.