Ливерпул со Салах ќе го „пробива“ Атлетико Мадрид, Меси ќе го предводи ПСЖ кон нова победа

Мечот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул ќе биде еден од најинтересните од вечерашната програма во рамките на Лигата на шампионите.

И двата тима играат во одлична форма и може сè да се очекува. На голманските позиции се двата „џина“, Јан Облак и Алисон Бекер, но домашниот тренер направи едно изненадување за гостите.

Мохамед Салах, кој игра неверојатна сезона и е убедливо најдобар фудбалер на Црвените од „Енфилд“, ќе биде во првиот тим и заедно со Мане и Фирмињо ќе се обидат да го пробијат домашниот „бункер“.

Луис Суарес се наоѓа на клупата за резерви, а тоа е најава дека Симеоне ќе го започне малку подефанзивно овој меч, со оглед на страшниот напаѓачки потенцијал на Ливерпул.

Атлетико Мадрид: Облак, Караско, Де Паул, Фелипе, Гриезман, Феликс, Коке, Кондогбија, Лемар, Трипиер.

Ливерпул: Алисон, Трент Арнолд, Фирмињо, Хендерсон, Кеита, Мане, Матип, Милнер, Робертсон, Салах, Ван Дајк.

 

Лео Меси, сосема очекувано, ќе биде стартер за ПСЖ во мечот против РБ Лајпциг. Тој и Мбапе заедно ќе се обидат да му донесат нови три бода на својот тим, но нема да имаат помош од Нејмар, а на негово место во стартните 11 ќе биде Јулијан Дракслер.

ПСЖ: Навас, Мендеш, Кимпембе, Маркињос, Хакими, Ерера, Геје, Верати, Меси, Дракслер, Мбапе.

РБ Лајпциг: Глуаши, Клостарман, Орбан, Симакан, Анхелињо, Хајдара, Адамс, Лајкерм, Мукиеле, Силва, Нкуку.

- Оглас -

Најнови вести