Управата на Ливерпул одлучи кој ќе биде наследникот на менаџерот Јирген Клоп, кој на крајот од сезоната по девет години го напушта „Енфилд роуд“ и денеска испрати и официјална понуда во Португалија.
Според португалските медиуми, челниците на Црвените донеле одлука актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, да седи на клупата на премиерлигашот од следната сезона.
Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула за Аморин, кому пак му е понуден договор на три сезони.
Аморим има 39 години и се смета за еден од најдобрите млади тренери на денешницата кој се наоѓа пред освојување на двојната круна во Португалија.
https://twitter.com/pedrogva6/status/1777340733696983364
Тој веќе го однесе Спортинг Лисабон во финалето во Купот на Португалија, а во првенството по 28 кола Спортинг е лидер со 71 бод, четири повеќе од Бенфика која викендов ја совлада со 2:1, а згора на тоа има и натпревар помалку.
Тренерската кариера ја започна во 2018 година во Каса Пиа, а потоа го водеше и вториот тим на Брага. Од март 2020 година е тренер на Спортинг Лисабон кој за него плати 10 милиони евра отштета.
Досега освои два трофеи со Спортинг, триумфира во Суперкупот на Португалија и ја освои титулата во првенството.