Италијанскиот тениски ас Јаник Синер го освои турнирот во Мајами, а како што истакна, за целосен италијански спортски триумф оваа недела недостасува само едно, победата на Аѕурите против Босна и Херцеговина и пласман на Светското првенство во фудбал.
„Да живее Италија“, напиша Синер на објективот на камерата откако го доби финалето против Јиржи Лехецка.
„Горд сум што сум Италијанец и што можам да вратам нешто позитивно за целата поддршка што ја добивам. Ова беше фантастичен викенд за нас Италијанците. Ги следам Формула 1 и Мото ГП, многу италијански спортисти ме воодушевуваат. Живееме неверојатен момент во многу спортови. Сега имаме важен натпревар против Босна и Херцеговина. Ќе биде тешко и ќе видиме што ќе се случи. Но, не ме прашувајте да давам предвидувања, тоа не ми е силна страна“, рече Синер.
Инаку неговата девојка е Босанката Лаила Хасановиќ, со потекло од Сребреница, а родена е во Данска.

