Ливерпул тргнува по потписот на бразилскиот репрезентативен напаѓач

Бразилскиот напаѓач, Матеус Куња, е вистински хит во Премиер лигата оваа сезона со 10 гола, па со своите игри го привлече вниманието на англиските гиганти. Во моментот најголем интерес за него има од лидерот на Премиер лигата, Ливерпул, од каде се подготвени да преговараат и да ја платат сумата која ја бара Вулверхемптон.

Куња има договор со Вулверхемптон до 2027 година, а неговата моментална вредност изнесува 50 милиони евра. Сепак, според информациите од британските медиуми, „волците“ немаат намера да го ослободат за помалку од 70 милиони евра, сума која е прифатлива за „црвените“, но раководството на лидерот ќе се обидат да ја спуштат оваа сума.

- Оглас -

Најнови вести