7.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Ливерпул убедлив против Брајтон во ФА купот (Видео)

Ливерпул избори пласман во осминафиналето од ФА купот откако на „Енфилд“ убедливо го совлада Брајтон со 4-0 во дербито од четвртото коло.

Арне Слот реши да настапи со речиси најсилниот состав, без многу ротации, а шанса во финишот доби и Уго Екитике. Црвените уште од почетокот го презедоа темпото и не дозволија изненадување.

Керкез во 42-та минута асистираше за погодокот на Кертис Џонс за водство од 1-0.

Во второто полувреме, Ливерпул ја потврди доминацијата. Во 56-та минута Доминик Собослаи стрелаше по асистенција на Мохамед Салах, а Египќанецот во 68-та минута од пенал зголеми на 3-0. При замената, Салах беше испратен со аплаузи, возвраќајќи со гест кон клупскиот грб.

До крајот, домаќините постигнаа уште еден гол за конечни 4-0.

- Оглас -

Најнови вести