Ливерпул во јануари фокусиран да донесе дефанзивец, и тоа за НУЛА евра

Англискиот првак Ливерпул е подготвен во јануарскиот преоден рок во своите редови да го доведе Езекиел Гарај. Искусниот 34-годишен играч моментно е без клуб, откако летоска му заврши договорот со Валенсија, а поради повредата на коленото, остана без ангажман.

„Моја беше одлуката да не потпишам за ниеден клуб пред почетокот на сезоната затоа што сакав целосно да закрепнам. Сега сум подготвен за игра, а и слободен на пазарот“, вели Гарај, кој во кариерата освен за Валенсија, има играно и за Зенит, Бенфика и Реал Мадрид.

Ливерпул е во потрага по искусен стопер, кој треба да биде замена за повредениот Вирџил ван Дајк. Интересно е што Ливерпул не е единствен тим што сака да потпише со Гарај затоа што шпанските медиуми шпекулираат дека Барселона може да ја засили одбраната во јануари.

Гарај е без ангажман и доколку потпише за некој тим, тоа ќе биде без да биде платено ниту едно евро за обесштетување.

 

- Оглас -

Најнови вести