Ливерпул на гостински терен со 3:2 го победи Брајтон во меч од осминафиналето во Лига купот на Англија. Во првото полувреме немаше голови, но затоа вториот дел беше многу возбудлив.
Коди Гакпо погоди за 1:0 во 46-тата минута, а холандскиот интернационалец потоа беше прецизен и во 63-тата минута за 2:0. Сепак, Брајтон не се предаде. Во 81-вата минута домаќините погодија за 1:2, а потоа следуваше гол и за Луис Дијас за 3:1 за Ливерпул.
Да биде интересен финишот, се погрижи Лампти, кој во 90-тата минута погоди за 2:3 и драматичен финиш. Сепак, Брајтон немаше сили за трет погодок и на крајот Ливерпул се радуваше на триумф.