ЛОИ се уште не се официјално отворени, а веќе падна првиот светски рекорд

Официјалниот почеток на Летните олимписки игри во Париз ќе биде утре, но дел од спортовите, како што се фудбал, рагби 7, ракомет и стреличарство започнаа ден, па и два порано од свеченото отворање.

Првиот светски рекорд на Игрите е соборен на еден ден пред свеченото отворање и тоа во стрличарство. Натпреварувачката од Јужна Кореја, Сихјеон Лим, постави светски рекорд во квалификациите на натпреварите во поединечна конкуренција со 694 поени. Претходниот рекорд беше во сопственост на нејзината сонародничка, Чахејонг Јанг, со 692 поени.

Воедно рекордот на Лим е и нов најдобар олимписки резултат, надминувајќи го оној на Сан Ан од игрите во Токио кога имаше 680 поени.

- Оглас -

Најнови вести