Поранешниот светски првак Хорхе Лоренцо, нема да биде дел од мото трката за Големата награда на Холандија, откако вчера излета за време на тренингот и се повреди. По направените лекарски прегледи, било констатирано дека Лоренцо има скршеница на шестиот пршлен и дефинитивно не е во состојба да вози.
Патеката Асен е навистина малерозна за Шпанецот, бидејќи таму пред шест години по еден пад, ја скрши клучната коска. Според прогнозите, Лоренцо ќе ја пропушти оваа и следната трка во ГП шампионатот, а би требало на патеката да се врати во август.
„Првично делуваше дека Хорхе е добро. Сепак, по направените ренгенски снимки, беше утврдено дека Хорхе има скршеница на шестиот пршлен. Тој сигурно нема да вози во Асен, но и на трката која потоа следува. Се надеваме дека ќе биде подготвен да се врати на патеката на 4 август, кога се вози ГП во Брно“, вели тимскиот менаџер на Хонда, Алберто Пуиг.
Покрај возачот на Хонда, во текот на вчерашниот тренинг, од патеката излета и Данило Петручи, како и Алекс Еспаргаро, кој уште се справува со повредата на ногата од претходната трка во Барселона.
Марк Маркез е главен фаворит за победа на патеката во Холандија. За радост на Шпанецот, коефициентот во Sport Life е 2,10. додека сите останати возачи се со коефициент поголем од 6.