Лоша најава за трката во Холандија, Лоренцо пренесен во болница

Првиот тренинг носи лоша најава во пресрет на трката за Големата награда на Холандија, започна падови на неколку возачи, меѓу кои најмногу настрада Хорхе Лоренцо, вториот претставник на Хонда. Шпанецот кон крајот на тренингот излета од седмиот свиок од патеката „Асен“. Веднаш беше пренесен во медицинскиот центар за детални прегледи, а потоа и го одведоа во болница за да се осигураат дека со него се è во ред.

Лоренцо нема среќа на оваа патека, бидејќи пред шест години токму на „Асен“ ја скрши клучната коска. Покрај возачот на Хонда, во текот на тренингот од патеката излета и Данило Петручи, како и Алекс Еспаргаро, кој уште се справува со повредата на ногата од претходната трка во Барселона.

Маверик Винјалес одржуваше најдобар ритам и беше лидер во поголемиот дел од тренингот, но на крајот побрзо од него извозе Фабио Квартараро. Франзуцинот одново се покажува во добро светло на тренинзите како и пред претходната трка, која ја стартуваше од пол-позиција.

Петручи заврши како трет, Алекс Ринс веднаш зад него, а Јапонецот Такаки Накагами се наметна како петти. Марк Маркес не форсираше и заврши на шестата позиција, додека Валентино Роси имаше проблеми со својот мотоцикл, а на патеката се врати со резервен мотор и на крајот заврши на 12-тото место.

- Оглас -

Најнови вести