Лоренцо Инсиње се подготвува за камбек во Серија А и обединување со Маурицио Сари во Лацио

Лоренцо Инсиње е подготвен за враќање во италијанската Серија А, а најверојатно сценарио е повторна соработка со неговиот поранешен тренер во Наполи, Маурицио Сари, кој сега е на кормилото на Лацио. Сепак, потенцијалниот трансфер не би можел да се реализира пред септември.

Инсиње го достигна врвот на својата кариера токму под водство на Сари во Наполи, каде што со години беше клучен играч. Тој си замина од клубот во 2022 година и потпиша со канадскиот Торонто, но неодамна го раскина договорот со взаемна согласност и сега, на 34-годишна возраст, е слободен агент, без намера да ја заврши кариерата.

Според италијанските медиуми, Инсиње и Сари веќе разговарале и изразиле ентузијазам за можноста повторно да работат заедно во Лацио. Но, римскиот клуб во моментов се соочува со трансферна забрана и нема право да регистрира нови фудбалери, дури ни бесплатни, до јануари.

Сепак, постои шанса финансиската ситуација да се подобри до септември, со што би се отворила можноста за потпишување договор со нови засилувања. Инсиње, според информациите, е подготвен да чека.

Покрај Лацио, за него интерес покажуваат и Удинезе, Парма и Фиорентина, но неговиот приоритет, барем засега, е обединување со Маурицио Сари.

- Оглас -

Најнови вести