11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Лоренцо Инсиње се враќа во Европа

Легендата на Наполи, Лоренцо Инсиње, ќе ја продолжи својата кариера во Европa. Фудбалерот, кој има 34 години, моментно е слободен играч, откако летово си замина од Торонто.

Италијанецот помина три години во клубот од МЛС лигата, а во моментов индивидуално ја одржува својата форма.

Инсиње сака повторно да заигра во Серија А, но не ја исклучува ниту можноста да настапува во друга лига. За него постои интерес од клубови од Калчото, но и од тимови од Бундеслигата.


Инсиње е подготвен значително да ја намали својата плата за да потпише со нов клуб. Напаѓачот има 434 настапи за Наполи.

- Оглас -

Најнови вести