12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Љорис ја имаше најлудата одбрана на пенал на сите времиња, го засени хет-трикот на Сон (Видео)

Лос Анџелес ФК победи со 4-1 против Реал Солт лејк во дуел од американската МЛС-лига, а мечот мина во знакот на хет-трикот на Кореецот Хеунг-мин Сон и неверојатно одбранетиот пенал на Уго Љорис.

При 2-0 за Лос Анџелес, беше досуден пенал за тимот од Јута. Руан Круз го надмудри Љорис, шутна лево, а францускиот голман тргна десно и падна.

Но, тогаш се случи чудо. Топката се одби од стативата и одејќи паралелно со гол аут-линијата се истркала до кај Љорис, кој имаше огромна доза на среќа и бидејќи топката го удри во задниот дел од копачката, па можеше на крајот да заврши и во голот.

- Оглас -

Најнови вести