Љорис објави крај на репрезентативната кариера

Капитенот и прв голман на француската фудбалска репрезентација, Уго Љорис, во интервју за „Л‘екип“, кажа дека ја завршува репрезентативната кариера.

Љорис кој има 36 години, уште од 2010 е капитен на Триколорите, а репрезентативната кариера ја завршува со рекордни 145 настапи.

„Треба да знаете кога да се стави крај. Француската репрезентација не му припаѓа на ниту еден поединец, сакав да дадам пример дека е така. Тимот е подготвен да продолжи без мене, во Маињан имаме добар голман. Преферирам да си заминам кога сум на врвот, отколку кога ќе почнам забрзано да паѓам, а и сакам да поминувам повеќе време со сопругата и децата“ – изјави Љорис кој еднаш беше светски првак, а губеше по финале на Светско и Европско првенство.

Сега Љорис ќе се посвети на клупската кариера во Тотенхем, каде е цела деценија.

- Оглас -

Најнови вести