Лоша ноќ за Дибиров – Крилото на Вардар промашува во серија

Тимур Дибиров има лоша ноќ во „Шпаркасе арената“ во Кил и дури мораше и да биде заменет по серијата утки на дуелот против лидерот во групата Б во Лигата на шампионите.

Рускиот репрезентативец погоди само еднаш од 7 обиди од неговата стандардна позиција крило и потоа беше заменет во 42-рата минута од играта.

Никлас Ландин дури шестпати му ги бранеше ударите на Дибиров, што е неверојатен учинок на одличниот голман и катастрофален на еден од најдобрите ракометари на Вардар.

На 15 минути до крајот на мечот Кил води со 26:19.

- Оглас -

Најнови вести