Најискусниот дефанзивец што го има Барселона и еден од лидерите на тимот, Жарарт Пике, синоќа против Севилја го повреди десното колено и нема да може да игра три недели, што значи дека ќе го пропушти реванш-дуелот против ПСЖ од Лигата на шампионите, кој се игра на 10 март.
Барса нема големи шанси да се најде во четвртфиналето на ЛШ, првиот меч дома го загуби со 1-4, а без Пике, одбраната ќе биде на мака, особено што можно е на Светците да им се врати и Нејмар.
Пике беше еден од јунаците во синоќешната голема победа над Севилја во Купот на Шпанија, тој го даде вториот гол во 94-тата минута, со кој Каталонците се изборија за продолженија, па отсуството на Пике против францускиот првак ќе биде хендикеп за Барселона.